Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во АХВ за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“, соопшти МВР.
З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата. Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, и
Ново на Сител
-

47те дојави за бомби во училиштата се лажни, од 2022та до денес има вкупно 1314 дојави за лажни бомби во Mакедонија
-

Каква сезона на грип не очекува?
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО Скопје и МВР поднесоа кривична пријава за екс директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство
-

Критична состојбата на текстилните работнички кои возрасни остануват без работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, тој и реководителот за отпад добија 30 дневен притвор
-

Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ пред вториот круг избори
