Кривична против лице од Неготино за „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“
Регионалниот центар за гранични работи Југ - Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднел кривична пријава по итна постапка против Ј.К.(25) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.
МВР денеска соопшти дека по преземени мерки и активности, на 13.05.2025 тој беше лишен од слобода во Неготино поради сомнение за негова инволвираност во настанот од 12.05.2025 во близина на Граничен премин Богородица, при што во близина на патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кои припаѓаат на друго возило, беа пронајдени четири женски лица мигранти од Кина, од кои едната во бессознание.
Судија на претходна постапка на Ј.К. му определи мерка домашен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар