Кривична пријава за две лица осомничени за шверц на хероин
Министерството за внатрешни работи – Секторот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа пресече меѓународен канал за шверц со дрога при што заплени еден килограм и 300 гррама хероин, а од слобода лиши две лица македонски државјани.
На граничниот премин Табановце на 15.07.2015 година околу 20,40 часот на излез од Република Македонија по претхоно добиено сознание во автобус кој сообраќал на редовна автобуска линија Струга - Луцерн Швајцарија од страна на царински службеници извршен е претрес и преглед на патници и багаж при што во дупло дно на куфер со залепена карта за багаж на рачката, во сопственост на патникот А.П.(54) од Кичево пронајдени се 4 црни најлонски пакувања со непозната прашкаста материја за која е утврдено дека се работи за наркотична дрога хероин.
Како што денеска соопшти МВР, А.П. за одреден паричен надомест од 1.500 евра бил ангажиран да го изврши транспортот до Швајцарија од страна на лицето М.Ј.(35) од Гостивар, кој бил организатор на транспорт, а исто така патувал во истиот автобус и седел во непосредна близина на лицето транспортер.
Одземената прашкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, за понатамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна маса од еден килограм и 258 грама.
Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога до Основното Јавно обвинителство-Куманово поднесена е кривична пријава против двете лица за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница