Кривична пријава за дебранец за узурпација на парцела покрај брегот на Дебарско Езеро
Продолжува појава на узурпација на парцели покрај брегот на Дебарско Езеро, едно од најубавите делови во градот.
Последна од многуте кривични пријави денеска е поднесена против А.Д.(27) од Дебар.
- Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, неовластено узурпирал дел од катастарската парцела во месноста „Шпиље“ во Дебар, сопственост на АД „ЕСМ-Скопје“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, лицето се стекнало со противправна имотна корист од 1.631.520 денари.
Узурпацијата на земјиште освен кај месноста „Шпиље" и градската плажа има и кај месноста Манастирец(Три чешми) на левата страна од патниот правец Дебар-Струга, дел кој припаѓа на општина Центар Жупа и МПЦ-ОА.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка