Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците
Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“. Пленарната седница е закажана во 11 часот.
Интерпелацијата е поднесена на 14 април поради тоа што, според „Левица“, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.
Пратеникот од редовите на „Левица Сашко Јанчев тогаш на прес-конференција рече дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Првите три основи, според Левица, се немањето никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е законска обврска на МВР, нелегалната употреба на пиротехнички средства и неукажувањето помош од страна на полициските службеници.
- Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изричито законска обврска на МВР, изјави Јанчев.
Според „Левица“, МВР потфрлила и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Ново на Сител
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
-
Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците