Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација составена од потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили, денеска и утре ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската народна партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.
На конгресот, информираа денеска од ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски ќе има обраќање на првата пленарна сесија.
Предвидено е Мицкоски да одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Кристијан Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Сали Бериша и други европски лидери.
Исто така, претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.
Ново на Сител
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд