Кривична пријава за даночно затајување
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против П.Ѓ. (34) од Македонски Брод поради основи на сомневање дека сторил кривично дело „даночно затајување“.
Како што информира денеска МВР, пријавениот во текот на 2016 година занимавајќи се со интернет активности, во повеќе наврати примал уплати од лица од повеќе држави, преку т.н. брз трансфер на пари. Притоа во текот на 2016 година примил парични средства во износ од 1.142.795 денари.
За парите не поднел задолжителна годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи на Република Македонија, со намера да одбегне целосно или делумно плаќање на данок. На тој начин П.Ѓ. извршил затајување на данок во висина од 114.279 денари, односно за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.
По однос на ова кривично дело даночно затајување“, СВР Битола, поточно Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод има поднесено 10 кривични пријави со кои се опфатени десет други лица при што вкупно (заедно со незаконското дејствие на П.Ѓ.) тие го оштетиле буџетот на Република Македонија за вкупно 1.985.328 денари.
За уште други 110 лица, кај кои износот на затаен данок не го надминува законски пропишаниот за поведување на кривична постапка, од страна на УЈП како надлежна институција за водење на прекршочна постапка, се поведени прекршочни постапки. Лицата за кои е поведена прекршочна постапка од страна на УЈП извршиле затајување на данок и го оштетиле Буџетот на Република Македонија во износ од околу 3 милиони денари.
СВР Битола, односно Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод веќе постапува на уште 22 други случи за „даночно затајување“ по основ на разни интернет активности.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини