Кремљ со барање до фирмите за објавување позитивни вести
Руското раководство побарало од големите компании да ги снабдуваат медиумите со вести во кои земјата ќе биде прикажана во позитивно светло, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Ројтерс, кои имале увид во документите.
Во документ на седум странички, наведени се потребните написи, со фокус на новите работни места, научни достигнувања и нова инфраструктура, особено оние што вклучуваат државна поддршка. Исто така, детално се објаснува како треба вестите да бидат презентирани, со даден рок од една седмица за нивно објавување.
Инструкциите биле испратени минатиот месец од страна на Министерството за енергетика до 45 компании во рускиот енергетски и комунални сектор, вклучувајќи ги и Роснефт, Лукоил и Новатек, според вториот документ, на кој е наведена листата на корисници.
„Животот за мнозинството луѓе стана помирен, поудобен, поатрактивен. Но, многу такви примери честопати не го добиваат потребното вниманието на медиумите ", се наведува во првиот документ. „Наша задача, преку креативен и макотрпен пристап, е да изберете такви теми и теми и да им ги понудиме на медиумите“, се наведува во документот со инструкции.
Овој документ, во кој не се споменуваaт изборотe, се наведува дека вестите што ќе бидат објавени, би требало да бидат „извор на позитивни вести“ и треба да бидат дел од две теми: „Животот се подобрува" и „Какви биле нештата порано, а какви се сега“.
Двата документа, приложени со поканата од 9 октомври, која беше испратена од страна на Министерството за енергија до високи извршни директори во одделенијата за односи со јавноста и владините односи со фирмите, од кои 17 се контролирани од државата и 28 приватни. Поканата бараше тие да испратат претставници на состанокот на 12-ти октомври во министерството во Москва за да разговараат за тоа како да помогнат во владините ПР напори.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за можната кандидатура за претседателските избори следната година во Русија, ќе зборува кога за тоа ќе дојде време.
„Ќе го оставам тоа прашање без одговор. Кога ќе дојде време, ќе разговараме за тоа“ рече Путин по самитот на АПЕК.
Предизборната кампања за претседателските избори во Русија би требало да почне меѓу 7. и 17. декември, а изборите би можеле да се одржат на 18. март 2018 година.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов