Кремљ: Путин е основната цел на „Панамските документи“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е основната цел на „Панамските документи“ во кои се спомнуваат луѓе од неговото опкружување.
- Путин, Русија, нашата стабилност и претстојните избори се основните цели. Станува збор за дестабилизирање на земјата, Основната цел на таквата дезинформација е нашиот претседател, изјави Песков.
Според него, Путин е цел на напади не само поради претстојните парламентарни избори на есен, туку и за претседателските избори во Русија по две години.
- Таквата Путинофобија во странство достигна таков степен што веќе е табу да се каже нешто добро за Русија. Задолжително е да се зборуваат лоши работи, многу лоши работи и кога нема што да се каже, посочи Песков.
Тој додадава дека нема ништо ново или конкретно да се каже за Путин и оти „Панамските документи“ се измислици и фалсификати. Песков истакнува дека истрагата е дело на поранешни претставници на американската разузнавачка агенција ЦИА или на Стејт департментот.
„Панамските документи“ објавени денеска во сто светски медиуми тврдат дека лица поврзани со Путин се вмешани во офшор шема.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци