Кремљ ги отфрли тврдењата на „Фајненшл Тајмс“ за преговори меѓу Русија и Украина за прекин на нападите врз енергетските капацитети
Кремљ денеска ги отфрли тврдењата на весникот „Фајненшл тајмс“ дека Русија и Украина се во почетна фаза на преговори за можен прекин на нападите врз енергетските капацитети.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека има многу информации во медиумите „кои немаат никаква врска со реалноста“.
„Фајненшл тајмс“, цитирајќи извори меѓу кои, како што наведува, има високи украински функционери, пишува дека Киев сака да ги продолжи преговорите, кои во август речиси стигнаа до договор и се со посредство на Катар.
Изворите за весникот изјавиле дека разговорите пропаднале откако силите на Киев ја започнале офанзивата во руската област Курск, која граничи со Украина.
-Има разговори во многу рана фаза за евентуално обновување на нешто – изјави дипломат за „Фајненшл тајмс“.
-Во моментов се водат преговори за енергетските капацитети – пишува весникот.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата