Ковачевски: Следува финансиска помош од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани
Концептот парите назад кај граѓаните го реализираме и во време на пандемија и светска економска криза. Следува финансиска помош од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани со што ќе ја зајакнеме нивната куповна моќ, но и ќе ја раздвижиме економијата со инјекција од 27,6 милиони евра директно во стопанството, изјави денеска во Штип, заменик – министерот за финансии Димитар Ковачевски.
-Со оваа мерка правиме значаен исчекор во реализацијата на четвртиот пакет во вредност од 470 милиони евра. Со сите четири пакети антикризни мерки, кај граѓаните, во стопанството обезбедивме поддршка од над една милијарда евра. Со тие средства спасивме стотици илјади работни места и обезбедивме помош за десетици илјади компании, рече заменик – министерот Ковачевски.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство