Ковачевски-Санду: Процесот на евроинтегарции клучен за мирот и стабилноста на европскиот континент
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Атина оствари средба со претседателката на Молдавија Маја Санду, на која двајцата изразиле задоволство од билатералната соработка, како и уверување дека поддршката ќе продолжи и во иднина, со цел постигнување на стратешките евроинтегративни цели на земјите.
Како што соопшти владината прес-служба, во таа насока, беше посочено дека Молдавија, по добивањето на кандидатскиот статус од ЕУ, во јуни минатата година, може да смета на помош од Северна Македонија во насока на споделување искуства и консултации, бидејќи нашата држава, има 100 отсто усогласување со заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и преку 40 проценти усогласување со европското законодавство.
Соговорниците разменија мислења за значењето на евроинтеграцискиот процес кој што е во функција на зацврстување на мирот, стабилноста на европскиот континент.
Во овој контекст, премиерот Ковачевски ја нагласи потребата од итно интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и истакна дека конкретно Северна Македонија има поддршка од меѓународната заедница во текот на целиот процес.
Ковачевски и Санду истакнаа дека интензивирањето на економската соработка меѓу Северна Македонија и Молдавија ќе придонесе за економски развој на двете земји.
Ковачевски во Атина е на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“.
Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски е и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени