Ковачевски најави средба со Мицкоски за техничката Влада
Техничката Влада е законска одредба и немојте да мислите дека не постои комуникација меѓу политичките партии во Парламентот, кои се застапени, истакна денеска претседателот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски кој денеска по посетата на Битола одговараше на новинарско прашање за кога ќе имаат средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема техничка Влада.
Средба за техничка влада ќе има откако партиските органи ќе заседаваат, вели Ковачевски
-Така да тоа ќе биде откако партиските органи ќе заседаваат нормално, ќе има средба, којашто јас веќе кажав нема да биде највувана преку медиуми, бидејќи такви средби не треба да се најавуваат преку медиуми, туку ќе биде еден нормален разговор за реализација на тоа што е определено, согласно законот, односно распределба на ресорите во техничката Влада, изгласувањето на таа техничка Влада во Собрание, рече Ковачевски.
Прашан за вчерашната изјава на Мицковски во Свети Николе дека доколку не се избере член на ДИК од албанската опозиција, во тој случај и ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе од ДИК, Ковачевски со одговор дека веќе коментирал на таа тема и посочи дека составот на ДИК е регулиран согласно закон.
- Парламенот и Комисијата за прашања и за избори и именувања треба да постапи согласно Закон и да го комплетира составот на ДИК, додаде Ковачевски.
Што се однесува на прашање за објавените носители на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори во 2024 година, и кои ќе бидат носителите на пратеничките листи по изборните единици, Ковачевски кусо одговори.
-СДСМ ќе има кандидати на парламентарните избори, коишто ќе ги победат сите кандидати кои што ги наброевте, рече Ковачевски по посетата на Битола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален