-->
-->
Кошаркарките на Вардар со прв пехар во Купот
-->
Кошаркарките на Вардар со победата од 69:65 над Бадел за првпат во клупската историја го освоија Купот на Македонија. Ова беше трето финале за Вардар по 2001 и 2011 година.
Финалниот натпревар мина во изедначена игра во која двата тима се менуваа во водство. Вардар го доби првото полувреме со 42:37, но Бадел беше подобар во третиот период. Последната четвртина повторно им припадна на кошаркарките на Вардар.
Најефикасна на финалето беше Едина Муса со 23 поени и 11 скокови, а играше до 34.минута кога поради пет лични го заврши натпреварот. Одлична соработка имаше и од Форка Ѓорчева која постигна 10 поени, а имаше 14 скокови. Кај Бадел најефикасна беше Андријана Лескароска со 20 поени.
Кошаркарките на Бадел не успеаја да го одбранат пехарот во ова натпреварување. Инаку, за оваа екипа ова беше 18.то финале во 25 годишната историја на Купот на Македонија, а имаат освоено 13 трофеи од кои 9 како Вигор Скопје, 3 како Бадел и 1 како Симекс Скопје.
Машкото финале од Лимак Купот на Македонија меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи почнува во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска