Координативен состанок на безбедносните служби за актуелната состојба со лажните дојави за бомби, најави денеска Ковачевски
– Нормална процедура се апелите кои ги испраќаат сите амбасади за нивните граѓани. Така прави и нашето Министерство за надворешни работи (МНР), доколку се исполнат услови за одредени протоколи кои се следат во меѓународните односи, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето за апелот на Американската амбасада нивните граѓани да не патуваат во нашата држава поради нарушената безбедност.
Ковачевски, исто така, информираше дека денеска ќе се одржи координативен состанок на безбедносните служби, каде што ќе се разговара за состојбата со лажните дојави за бомби.
-Ние денес ќе имаме координативен состанок на безбедносните служби каде што ќе се разговара за сите овие проблеми, иако на дневно ниво се разговара, и како и до сега, ќе се преземаат мерки со цел да бидат заштитени сите граѓани на државата, додаде Ковачевски.
Според премиерот, нашето Министерство за надворешни работи (МНР) ги презема сите активности со цел да се обезбеди безбедност и сигурност во државата.
-Овие лажни дојави на бомби се дел од хибридна војна која што се води на територија на цела Европа. Ние се наоѓаме во година во која што има војна на европскиот континент, првпат после Втората светска војна и тоа од големи размери по нападот на Русија врз Украина. Овој вид на сајбер напади се составен дел од тоа, изјави Ковачевски по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија