Контрола во угостителски објект во Тетовско, приведени сопственикот и 18 странски државјанки
Полициски службеници од Полициска станица Тетово извршиле контрола во угостителски објект на локалниот пат за село Сараќино, при што било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати седум гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик. Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
Од МВР денеска соопштија дека се работи за угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, а контролата е извршена по пријава дека работел спротивно на Одлуката донесена од Владата.
– Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир