Конституиран Советот на општина Пустец
Во општина Пустец, единствената македонска општина во Албанија по новиот закон за територијална поделба, конституиран е новиот Совет на општината. Советот во наредните четири години ќе го раководи Ирена Василевски од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Во Советот на општината македонската партија МАЕИ има седум членови, а заедно со партнерите од левата изборна коалиција дури 12, додека тројца советници се од десната коалиција.
И двете потпретседателски места во Советот ги добија жени, Аделина Дума од Движењето за социјалистичка интеграција (партија на Илир Мета) и Аделина Терпо, од Социјалистичката партија на актулениот премиер Еди Рама, кои беа во изборна коалиција со МАЕИ. За преставник на општина Пустец во Округот во Корча избран е Васил Стерјовски.
На конститутивна седница присуствуваа и префектот на Корча, Ардит Кономи, пратенците во албанскиот парламент, Илир Пендавињи од Социјалистичка партија и Пиро Капурани од Движење за социјалистичка интеграција.
Инаку, формално третпат со општината ќе раководи Едмонд Темелко, кому неговите сограѓани му дадоа максимална подршка, со 80 отсто од гласовите, на локалните избори одржани на 21 јуни. вт/цр/10:01
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит