Конференција „Евроинтеграцијата низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“

Дводневна меѓународна конференција „Европската интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ ќе се одржи денеска и утре во Советот на Град Скопје, во организација на Европското движење во РМ, Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА, Скопје и Здружението на финансиски работници од Велес во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Целта на конференцијата, како што соопшти ЕДРМ, е да се споделат добрите практики од Македонија, балканскиот регион и земјите од ЕУ за соработката меѓу граѓанските здруженија и локалните власти и улогата на ваквата соработката во процесот на европската интеграција.
Своето искуство ќе го претстават експерти и претставници на локалната и централната власт, претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, меѓународни организации, претставници на академската средина, претприемачи и други претставници од стручната јавност. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 15 експерти од земјите-членки на Централно-европската инцијатива (ЦЕИ), како и од други држави.
Панелите ќе обработуваат различни аспекти на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти, како отвореното владино партнерство во служба на локалната демократија, како и за предусловите за ефикасна соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти, важноста на партнерствата во насока на подобрување на економскиот и социјалниот развој и препознавањето на европските вредности во локалните заедници.
Конференцијата е финансиски поддржана од ЕУ преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015, како и од ЦЕИ.
Ново на Сител
-

Продолжува постапката за избор на претседател на Антикорупциската комисија
-

Во Собранието пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите
-

Фон дер Лајен: Белгија нема да биде сама во соочување со ризиците од користење на замрзнатите руски средства
-

Локални врнежи од дожд со услови за невреме
-

СДСМ исклучи од партијата советник од Општина Карпош кој гласал спротивно на партиските одлуки
-

Поради силен ветер два авиони пренасочени од Скопје во Приштина
-

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
