-->
-->
Конечно, кошарка и во шампионат на Македонија
-->
Со повеќе од два месеци задоцнување и многубројни пролонгирања, конечно денеска ќе стартува кошаркарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција.
Во прволигашката конкуренција ќе настапат осумте екипи кои ќе одиграат 14.кола, а пои пак ќе се борат за четирите места кои носат пласман во Супер лигата во која ќе се приклучат тимовите на МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи кои настапуваат во АБА лигата.
Премиерното коло ќе биде отворено во Гевгелија, каде од 18 часот ќе играат Кожув и Фени Индустри, тимови кои ја претставуваат Македонија во БИБЛ лигата.
Во истиот термин во Охрид своето прволигашко деби ќе го има составот на АВ Охрид кој за противник ќе го има Пелистер.
Половина час подоцна (18:30) ќе започне натпреварот Струмица – Вардар, а првото коло ќе биде заокружено со уште едно дерби.
Во алата „Градски парк“ во Скопје, од 19 часот ќе се игра натпреварот меѓу Работнички и Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер