Концерт на филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота во Битола
Филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота, САД, вечер ќе одржи концерт во Битола, со што Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ја почнува реализацијата на програмата за одбележување на 1.100 годишнината од смртта на Климент Охридски.
- Во текот на годината ќе организираме многу настани посветени на јубилејот 1.100 година од смртта на патронот Климент Охридски, а паралелно ќе го зголемуваме бројот на академски партнерства со цел да промовираме нови едукативни вредности. Нашиот универзитет соработува со многу институти и колеџи од САД, а по доаѓањето на гостите од САД ќе развиваме идна соработка и со нив, вели ректорот Сашо Коруновски.
Филхармонијата на Колеџот „Густав Адолф“ од Минесота е формирана во 1888 година, а во Битола ќе настапи со 70 музичари кои ќе понудат џез и друга музика.
Концертот на филхармонијата од Минесота почнува во 20 часот во големата сала на НУ Центар за култура. Влезот за сите вљубеници на музиката ќе биде бесплатен, а истовремено во фоајето на Центарот за култура ќе биде поставен штанд за донации кои потоа ќе бидат врачени на соодветна институција во градот, беше нагласено на денешната прес конференција во овој град.
Ново на Сител
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица со дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров