Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправа за идниот директор на ОТА
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да расправа за Предлог - одлука за избор на директор на Оперативно-техничката агенција.
Претседателката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска неодамна за МИА информира дека на конкурсот за директор на ОТА се пријавени 21 лице. ОТА веќе два месеца е без директор.
Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 5 септември 2023 година, донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА. За директор на ОТА може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во следниве области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки и да има минимум десет години работно искуство по завршување на образованието во областите предвидени во потточката 2) на оваа точка.
На дневен ред на Комисијата е и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки и изменување на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски.
Ново на Сител
-

Кедев - Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
-

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека
-

Стратегијата за образование денеска поставена на ЕНЕР - јавноста може да дава предлози и препораки
-

Отворен ресурсен центар за поддршка и развој на општините
-

Младите сакаат државата да влезе во Европската Унија но се повеќе губат надеж дека тоа ќе се случи наскоро
-

Се реконструира плоштадот Крушевска република
-

Четврти фемицид годинава, аларм за институциите
