Мицкоски: За кратко ќе се знае цената на струјата, што ЕСМ ќе ја понуди на тендер

За кратко ќе се знае цената на струјата, којашто ќе ја понуди на тендер ЕСМ, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето дали ги добил пресметките за цената на струјата и дали се останува на цената од 62 евра за мегават час или пак ќе се зголеми.
Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година тендерот за набавка на струја за домаќинствата ќе биде годишен, а не полугодишен како досега.
- Оваа година, бидејќи ќе биде годишен тендерот, нема да биде полугодишен како и досега, цената која што ќе ја понуди на тендерот ЕСМ, а ќе биде мој предлог на Влада, ќе се знае за многу кратко, бидејќи е дел од затворена седница на Владата. Така што бидете трпеливи ќе ја дознаете, изјави Мицкоски.
Инаку ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која треба да одлучи дали предлогот на електрани е прифатлив или пак не е прифатлив. Електричната енергија за домаќинствата ЕСМ ја продава по 62 евра за мегават час.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: За кратко ќе се знае цената на струјата, што ЕСМ ќе ја понуди на тендер
-

УХМР: Од утре до сабота претежно облачно со врнежи од дожд
-

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за мерката за самовработување
-

Судење за „Пулс“: Дел од одбраната реагира дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови
-

Второ гостување на ракометниот гигант Магдебург во Битола
-

Слободен влез за натпреварот на македонската кошаркарска репрезентација со Азербејџан
-

Ќе се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта на тетовецот пронајден со прострелна рана
-

Нивото на водата во Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември
