-->
-->
Кој, покрај Адел, имаше хит „Hello“
-->
Новиот сингл на британската пејачка Адел под наслов „Hello“, потсети на неколку други песни со истиот популарен англиски поздрав, пишува лондонски „Гардијан“.
Битлси, Дорс, Оејзис, Елтон Џон, Бијонсе, Ајс Кјуб и уште неколку пејачи и групи имале своја песна „Hello“.
Сепак, најпознатата, барем за оние кои денеска имаат повеќе од 40 години, е „Hello“ на Лајонел Ричи од 1984 година, која беше огромен светски хит.
По излегувањето на синглот на Адел, американскиот пејач на британската колешка преку Твитер и испрати порака со првиот стих од својата песна: „Здраво Адел, мене ли ме бараш?“ (Hello Adele, Is it me you're looking for?).
„Hello“ на Адел е прв сингл од нејзиниот нов албум „25“, што во продажба ќе се најде на крајот на ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023