Балкан
16. March 2025 - 21:13

На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани

На Кулата Белград во српскиот главен град вечерва им е оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотека во Кочани. На зградата е испишана пораката „Србија стои со Македонија“.

На фасадата електронски се менува знамето со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа.

Кулата Белград е облакодер од 42 ката висок 168 метри, како дел од проектот Белград на вода.