Книжевен саем за млади „Патување на француската книга“
Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје и Францускиот институт -Скопје денеска организираат книжевен саем за млади „Патување на француската книга“.
Изабел Марки-Барбо, советничка за култура и соработка и директорката на Францускиот институт -Скопје истакна дека „Патување на француската книга“ е еден голем проект кој, како што рече, заедно го водиме со децата од Македонија со цел да ги поттикнеме да го откријат задоволството на читање книги и да го откријат францускиот јазик.
Директорот на библиотеката Иван Заров истакна дека се домаќини на еден, како што рече, неконвенционален патувачки театар за деца од Јужна Франција.
- Од Јужна Франција тие доаѓаат во Анкона, преку Албанија, Македонија, Србија и Романија, ширејќи ја француската култура, носејќи сликовници и анимирајќи го францускиот збор. Нивниот камион со приказни на својот долг пат низ Европа, денес е гостин на библиотеката. Шарениот камион, библиобус со кој допатуваа носи бесценет товар-фантастичниот детски имагинариум на бајките, сликовниците, соништата кои ја поттикнуваат имагинацијата, но и навиката да се чита од најрана возраст, да се учат други јазици и култури, да се празнуваат и почитуваат културните разлики, рече Заров.
Тој информира дека направиле мал избор на книги на француски јазик од фондот на библиотеката, како и од Францускиот институт. Најави дека годинава во овој простор ќе организираат и голема изложба на преведени книги од француски на македонски јазик.
Настанот ќе трае до 18 часот. Попладнево се предвидени детски работилници, мали театарски претстави за деца од 3 до 6 години, а ќе се чита и зборува на француски јазик. На настанот присуствуваше и француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар