Клинтон и Сандерс со речиси еднаква поддршка на партиските конвенции на демократите во Ајова
Хилари Клинтон и Барни Сандерс имаат речиси еднаква поддршка на партиските конвенции на демократсите во централната американска сојузна држава Ајова.
По пребројувањето на резултатите во 95 проценти од изборните региони Клинтон води со 0,2 проценти во однос на Сандерс, пренесува БТА.
Поранешната прва дама на САД освои 49,8 процвенти, а Сандерс 49,6 отсто.
Според некои проценки тоа значи дека Клинтон ја обезбедила поддршката на 12 од 24-те делегати во Ајова за конгресот на демократите во јули, на кој официјално ќе биде определен кандидатот на партијата за претседателските избори на САД во ноември. Сандерс во моментов е поддржан од 11 делегати, а последниот делегат од Ајова ќе биде бонус за победникот во сојузната држава.
Хилари Клинтон изрази увереност пред своите приврзаници дека таа ќе биде кандидатот на демократите за претседателските избори.
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции