Македонија
1. March 2019 - 13:30

Ќе се реновира спортската сала во училиштето „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица во тек е проект за комплетно и целосно реновирање на спортската сала која е дел од училиштето „Св.Кирил и Методиј“.
Очекувањата на општината се реновирањето на салата да се реализира како дел од Програмата за прекугранична соработка, преку која, како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, е доставена апликација за одобрување на проектот.
-Во зависност од одговорот за кој се надеваме дека ќе биде позитивен, предвидена е целосна смена на подот и трибинскиот дел, поставување комплетно ново осветлување и греење во салата, уредување на надворешниот и внатрешен фасаден дел, како и опремување на канцелариски простории за потребите на организациите на училишни спортови и спортските клубови кои ја користат. Во случај на негативен одговор, ние како Општина со сопствени средства ќе почнеме со етапна реконструкција, бидејќи спортската сала р објект од витално значење за правилен физички на младите, соопшти Стаменкова.
 
 
Во делот на спортот, додаде, планирано е и доуредувањето на просторот околу новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште со спуртон подлога во школскиот двор на гимназијата во Каменица.
На ова игралиште е планирано поставување ново осветлување за користење во вечерни термини, како и ограда со која ќе се зголеми заштитата.