Ќе се реконструира Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово
Три милиони денари ќе инвестира Домот за стари лица „Зафир Сајто“ за реконструкција на тринаесет соби и тоалети. Тендерската постапка веќе е почната, информираше директорот на установата Џемаљедин Неџипи.
Постапката се спроведува согласно Законот за јавна набавка. - Фирмата која ќе понуди најниска цена и ќе одговори на условите ќе биде избрана. Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе се почне со реконструкција на првиот реон од нашата институција. Средствата сами ќе ги обезбедиме, изјави Неџипи.
Оваа е втора реконструкација на установата од почетокот на годинава. Во февруари, Домот за стари лица одвои милион и осумстотини илјади денари за реновирање на единаесет соби и тоалети.
- Главна потреба на нашите корисници е да имаат достоинствен живот, што подразбира добри усолови за сместување, квалитетна здравстевна услуга, нега и активен социјален живот. Ова се неопходни мерки кои треба да се преземат за да се обезбедат подобри услвои за функционирање на институцијата и пред се подобри услови за сместување на нашите корисници, изјави Неџипи.
Тој додаде дека установата во овој период прави напори и за подобрување на здравствената услуга кон корисниците. Во домот ангажирани се пет медицински сестри кои 24 часа им нудат здравствена помош за корисниците.
- Секогаш има простор за подобра здравствена услуга. Се обидуваме да соработуваме, да ангажираме двајца специјалисти од приватна или државна болница кои ќе имаат обврска еднаш неделно да доаѓаат на визита за тековно спроведување на терапиите. Имаме добра соработка и со Здравствениот дом и со болницата, но имаме потреба да ја зајакнеме услугата, изјави Неџипи.
Домот за стари лица во Куманово е еден од најстарите во државата. Во „Зафир Сајто“ во моментов се згрижени околу 150 лица од Куманово, но и од целата држава.
Ново на Сител
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?