Кина: 11 лица загинаа при уривање покрив на училишна фискултурна сала
Единаесет лица загинаа при уривање на покрив на фускултурна сала во основно училиште на крајниот североисток на Кина, соопштија денеска кинеските власти.
Инцидентот се случил во градот Чиќихар, провинцијата Хеилонгџијанг, а од урнатините утрово е извлечена последната жртва.
Синхуа јави дека според првите елементи на истрагата, се гледа дека при изградбата на покривот на салата бил користен перлит, и дека за време на вчерашните обилни дождови од овој материјал се акумулирала вода и предизвикал уривање на покривот.
Деветнаесет лица биле во фискултурната сала на училиштето, јави Синхуа, но не прецизираше колку од нив биле ученици.
Поплаките од незадоволните родители за, како што велат, недостатокот на комуникација со властите, кружат на социјалните медиуми и веб-страницата за вести Baidu.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги