-->
-->
Кин со два гола му донесе победа на Тотенхем
-->
Ло Екипата на Тотенхем забележа победа со 2:0 на гостувањето кај Астон Вила во дуел од 30.коло на англиската фудбалска Премиер лига.
На средбата одиграна попладнево, значајните три бода во трката за шампионската титула на Тотенхем им ги донесе Хари Кин со погодоците во финишот на првиот дел (45-минута) и на почетокот на вториот (48). Тотенхем сега има два бода помалку од лидерот на табелата Лестер кој утре пред својата публика против Њукасл го игра мечот од ова коло.
На трите натпревари одиграни вчера: Норвич - Манчестер Сити 0:0
Бурнемут – Свонси 3:2 и Стоук – Саутемптон 1:2.
Останатите натпревари од оваа рунда се одложени поради дуелите од четвртфиналето во ФА купот, кои се играа викендов.
Табела: Лестер 60 бодови, Тотенхем 58, Арсенал 52, Манчестер Сити 51, Вест Хем 49, Манчестер Јунајтед 47, Саутемптон 44, Ливерпул 44, Стоук 43....
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели