Керим задоволен од резултатот по вториот круг гласање за генерален секретар на ОН
Македонскиот кандидат за генерален секретар на ООН Срѓан Керим е задоволен од резултатот од второто прелиминирано гласање за оваа престижна функција што се одржа во Советот за безбедност на светската организација во Њујорк.
- За разлика од првиот круг на гласање кој резултираше со висок пласман на кандидатите од Источна Европа, имено четири од петте првопласирани беа од овој регион, вториот круг на гласање очигледно има две импликации. Прво, преку тактичко прегрупирање на гласовите обезбеден е порамномерен пласман во горниот дел меѓу кандидатите од Источна Европа и останатите региони. Второ, расчистена е состојбата во долниот дел на табелата така што очигледно е дека после овој круг на гласање ќе останат само осум кандидати во трката, и тоа четири од Источна Европа и четири од другите региони. Имајќи го сето тоа во предвид можеме да бидеме задоволни со нашиот резултат кој обезбедува учество, како и добра позиција во понатамошната изборна трка, изјави Керим, соопштија од неговиот кабинет по вториот круг гласање во Советот за безбедност.
Според дипломатски извори, поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш освоил најмногу гласови во вториот прелиминарен круг на гласање во Советот за безбедност на ОН за избор на нов генерален секретар на Светската организација. Неофицијално за кандидатурата на Гутереш гласале 11 членови на Советот за безбедност, двајца биле против, а двајца воздржани. Според неофицијалните резултати кои ги соопштија дипломатски извори, Гутиереш доби најмногу гласови и во првиот круг гласање.
По гласањето, што се одржа зад затворени врати, претседавачот на Советот за безбедност за овој месец, малезискиот амбасадор Дато Рамлан Ибрахим кусо изјави дека кандидатите за генерален секретар и претседавачот на Генералното собрание на ОН ќе бидат информирани за резултатите од вториот круг, без да соопшти повеќе детали.
Во трката за нов генерален секретар на ОН покрај поранешниот шеф на македонската дипломатија се и поранешните министри за надворешни работи на Молдавија, Наталија Герман и на Црна Гора, Игор Лукшиќ, актуелниот шеф на словачката дипломатија Мирослав Лајчак и некогашната извршна директорка на Рамковната конвенција за климатски промени, Костариканката Кристијана Фигерес. Кандидатат за наследник на Бан Ки-мун беше и поранешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, но по првиот круг на гласање таа ја повлече својата кандидатура.
Резулатите од прелиминарните гласања за избор на генерален секретар на ОН во Советот за безбедност не се соопштуваат јавно.
Ново на Сител
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули
-
Германците и турците најбројни туристи