Кениската опозиција ги оспори резултатите од претседателските избори пред Врховниот суд
Кениската опозиција поднесе жалба пред Врховниот суд на земјата, оспорувајќи ја изборната победа на претседателот Ухуру Кенијата, пренесе ДПА.
Опозицискиот лидер Раила Одинга и неговата коалиција „Национална супералијанса“ во судот поднесоа документ од 9.000 страници, на само еден час пред истекот на крајниот рок за приговори, на полноќ.
Кениското законодатевство дозволува изборните резултати да се оспорат во рок од седум дена.
Опозицијата одби да ја признае победата на Кенијата против главниот негов противник, Одинга, што беше прогласена на 11 август.
„Националната супералијанса“ тврди дека компјутрите на изборната комисија биле хакирани за да ја генерираат победа на шефот на државата, со која тој го доби својот втор мандат.
Врховниот суд се очекува својата одлука да ја донесе во рок од 14 дена.
Опозицијата тврди дека во немирите, што избувнаа на изборите, досега се убиени 100 лица, додека, според полицијата, има само 10 смртни случаи во главниот град Најроби.
Меѓународните набљудувачи од ЕУ и центарот „Картер“, изборните резултати го оценија за веродостојни.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати