Келог: Трамп ѝ даде „зелено светло“ на Украина за напади длабоко во територијата на Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја овласти Украина да изврши напади длабоко на територијата на Русија, изјави специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, во интервју за „Фокс њуз“.
Кога директно го прашаа дали американскиот претседател верува дека Украина може да ја нападне Русија со оружје со долг дострел, Келог одговори дека претседателот Трамп ѝ дал на Украина овластување за такви напади.
„Мислам дека, откако прочитав што кажа претседателот Трамп и што кажаа потпретседателот Венс и државниот секретар Рубио, одговорот е да. Искористете ја можноста да напаѓате од голема далечина“, рече Келог и потсети дека Пентагон претходно не ѝ дал дозвола на Украина да извршува такви напади.
Како што објави Волстрит џурнал (WSJ), американскиот претседател му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски дека е подготвен да ја укине забраната за напаѓање на руска територија со американско оружје.
„Секој треба да го следи она што го кажува претседателот Трамп. Според Уставот на САД, тој е врховен командант на американската војска и сите го почитуваат. Кога претседателот оди лево, вие одите лево. Ако тој каже одете десно, вие одите десно. Тоа е претседателот. Последниот пат кога проверивме, никој од нас не доби електорски гласови, но тој доби“, рече Келог.
МИА
Ново на Сител
-
Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите
-
Анкета: Две третини од Унгарците не сакаат прекин на енергетската трговија со Русија
-
Грејната сезона во Скопје започнува од 2 октомври поради ниските температури
-
До петок студено со дожд, а на планините снег
-
Царинска управа: Континуиран раст приходите, во септември наплатени над 179 милиони евра
-
Турција со законски мерки ќе го поттикнува наталитетот
-
Турска одбранбена компанија развива системи за заштита од дронови во урбани средини
-
Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври