Кавадарчанка пријавила дека сограѓанин им го попречил патот со ,,југо" и им се заканувал со остар предмет

Кавадарчанка пријавила во полиција дека сограѓанин го попречил патот на нејзиното семејство со автомобил „југо" и се заканувал со остар предмет, информираа денеска од СВР Велес.
-Вчера во 14:50 часот во ОВР Кавадарци, В.Г.(29) од Кавадарци пријавила дека, додека со нејзиниот сопруг и нивните две малолетни деца се движеле со патничко возило „пасат“, на улица „Владимир Назор“ во Кавадарци, В.Б. од Кавадарци со неговото патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки им го попречил патот и со остар предмет им се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснија од СВР Велес.
Оттаму информираа исто така дека вчера во 15.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улица „Никола Минчев“ во градот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ѓ.(31) од село Тимјаник, неготинско и С.Ј.(27) од село Саждево, крушевско. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
