-->
-->
Кастратовиќ: Одиме за Будимпешта многу мотивирани
-->
Тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ по последниот тренинг во Скопје пред тргнувањето за Будимпешта на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, истакна дека нејзините ракометарки имаат огромна желба за успех.
- Најважно е што сите во екипата се здрави и спремни за игра. Имавме доволно време за да се подготвиме, работевме квалитетно и едвај чекаме да отпатуваме за Будимпешта и да почне првиот натпревар. Анализиравме многу, знаеме против кого играме и нема никого да потценуваме. Имаме игра за да се спротивставиме и за мене многу важно е што сите девојки се многу мотивирани и имаат огромна голема желба да успееме да отидеме чекор подалеку. Нема да се штедиме и ќе играме со срце, до максимум на нашите можности, изјави Кастратовиќ.
Вардарки претпладнево во 11:15 летаат кон Виена, а потоа со автобус одат за Будимпешта каде ќе одработат два тренинга. Полуфиналето со ЦСМ Букурешт се игра в сабота во 17:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот
-
Протест на независниот синдикат на ЈП Улици и патишта
-
Новата членка на Судски совет, Данка Ристова вели дека ќе работи без политички притисоци
-
Дурмиши и Ристески низ скопските маркети прават увид како се применува мерката новогодишна кошничка
-
Осцилациите негативно влијаат врз езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ