-->
-->
Кастратовиќ: Не игравме тимски
-->
Ракометарките на Вардар со пораз стартуваа во новата сезона во Лигата на шампионките. Во саботата, во СЦ „Јане Сандански“, Ѓер славеше со 27:22 (13:10).
Ѓер максимално ги казнуваше сите технички грешки, безидејната напаѓачка игра и лошата одбрана на Вардар.
„Ѓер покажа како се игра тимски што не може да се каже за нашата екипа. Се надевам дека ова беше само еден лош ден за нашите девојки. Во наредните мечеви е мора да го реализираме она што го работиме на тренинзите. Денеска ние не бевме тим“, рече по мечот Индира Кастратовиќ.
Маја Сокач со пет голови беше најефикасна кај Вардар, додека Ѓер до победата го предводеше Анико Ковачич со шест голови.
Во наредното коло, Вардар, на 24.октомври ќе гостува во Виена кај Хипо
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица