Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД

Kанадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД кога Вашингтон ќе биде подготвен, додавајќи дека Канада нема контрола врз трговската политика со својот јужен сосед.
-Моите колеги работат со своите американски колеги на детални конструктивни преговори, дискусии за специфични сектори – челик, алуминиум и енергија, рече Карни пред да замине од Отава за Куала Лумпур, Малезија, на неговата прва официјална посета на Азија.
„Подготвени сме да продолжиме по тој пат“, рече канадскиот премиер.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчеравечер изјави дека трговските разговори со Канада се завршени откако Онтарио објави политичка реклама во која се цитираше републиканската икона, поранешниот американски претседател, Роналд Реган, како вели дека царините предизвикуваат трговски војни и економска катастрофа.
„Врз основа на нивното скандалозно однесување, СИТЕ ТРГОВСКИ ПРЕГОВОРИ СО КАНАДА СЕ ПРЕКИНАТИ“, напиша Трамп на Truth Social.
Пред своето патување, Карни додаде дека Канада може да ја преземе контролата врз новите партнерства и можности, вклучително и оние со „економските гиганти на Азија“.
МИА
Ново на Сител
-

Масакр во Ел Фашер, повеќе од 2.000 цивили егзекутирани во последните 48 часа
-

Трамп: Ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и Хамас
-

Најстудено во Берово, најтопло во Охрид
-

Илјадници белграѓани пречекаа студенти од Нови Пазар кои пешачат кон Нови Сад на комеморативен собир в сабота
-

Ванс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа
-

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени
-

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово
-

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка и се упати кон Куба
