-->
-->
Каракачанов доби внук, го крсти Гоце Делчев: Треба да им е јасно на скопските манипулатори чиј е Гоце Делчев
-->
„Красимир Каракачанов по втор пат стана дедо. Малиот јунак е второ внуче на претседателот на ВМРО од ќерка му Деница и зет му Никола“, објавено е вчера на Фејсбук профилот на бугарската ВМРО-БНД (Бугарско национално движење).
Како што се вели во објавата, внукот на Каракачанов ќе го носи „легендарното историско име Георги Николов Делчев“.
„Тоа се и трите имиња на војводата Георги (Гоце) Делчев. Досега треба да е јасно и за скопските манипулатори чиј е Гоце Делчев!“, додаваат од ВМРО-БНД, пожелувајќи му здравје, сила и храброст на новородениот внук на претседателот на партијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика