Кампања на Здравство: Свеста за вакцинирање ќе се подигнува „од врата на врата“
Министерство за здравство почна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија.
Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални и урбани), каде е регистриран понизок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против Ковид-19.
Над 30 тимови од медицински лица од здравствените домови во државата, одат „од врата до врата“, односно ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица.
Тимовите ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.
Кампањата ќе трае пет недели (до крај на месец мај) и се планира да бидат посетени над 2.900 семејства. Во рамки на кампањата, постарите лица над 60 години имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза.
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект