Како да е крај на светот: Торнадо протатне низ Срем, ги соголи сите куќи
Силното невреме што во неделата ја погоди Србија, направи хаос во селата низ Срем. Огромна штета, која се мери со илјадници евра, претрпе селото Путинци.
Жителите јавуваат дека во селото не постои куќа на која силниот ветер не и однел некоја керамида.
-Бурата го опустоши селото, секоја куќа е оштетена, на луѓето пластениците им се потполно уништени. На секоја куќа се искршени керамидите, искршени прозорци има секаде, а кај многу е уништена и кровната конструкција, велат мештаните.
За страшното невреме сведочат и бројните снимки кои се појавија на социјалните мрежи.
Ветерот беше толку силен што ги однесе капиите и покривите.
-Градинката и основото училиште се распаднаа, училиштето прокиснува, а многу дрвја во школскиот двор се паднати, клацкалите и лулашките се уништени, велат мештаните.
Невремето кое траело околу 10 минути успеало да крене од земја и комбајн тежок 13 тони.
- Почувствував како се крева тркалото некои 15 сантимери од земјата, рече за ТВ Прва Слободан Макариќ додавајќи дека му настрадала сета пченка.
Ветерот носел и пластенци, а мештаните не сакаат ни да помислат колкава е штетата. Се уште се расчистува, а приоритетни се јавните објекти како градинката и спортската сала кои мора да се обезбедат за да не дојде до повредување на некој.
Општината Рума изјави дека ќе одвои за селото 5 милиони динари помош.
Ново на Сител
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните