ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“: Внимателно со алкохолот, без пиротехнички средства во Новата

Од ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ во изјава за МИА апелираат граѓаните да внимаваат со консумирање алкохол и да се воздржат од користење пиротехнички средства при дочек на Новата, 2024 година. Оттаму изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.
- Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици - алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Потоа, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици, истакнуваат од установата за МИА.
За време на новогодишните празници, од оваа установа потенцираат оти ќе се грижат за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.
- На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за Новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници - 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, појаснуваат од установата.
Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.
Ново на Сител
-

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ
-

Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум пати над ноемврискиот просек
-

Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година
-

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања
-

Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ
-

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби
-

Русија соопшти дека ноќеска соборила 65 украински дронови
-

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
