-->
-->
Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-->

Јужнокорејски ферибот со 267 патници и членови на екипажот денеска се насука во југозападниот дел на Корејскиот полуостров, соопшти крајбрежната стража.
Властите ги распоредуваат сите расположиви ресурси и спроведуваат спасувачка операција, соопшти крајбрежната стража.
Крајбрежната стража верува дека засега нема жртви и дека водата не влегува во бродот, објави агенцијата Јонхап.
Фериботот од 26.000 тони патувал од островот Чеџу до градот Мокпо, според крајбрежната стража.
Службеник на крајбрежната стража изјави дека фериботот удрил во карпа во близина на островот Џинда.
Станува збор за област во близина на местото каде што потона фериботот Севол во 2014 година во несреќа во која загинаа над 300 луѓе, повеќето од нив студенти на екскурзија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓоргиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
-

Во тутунскиот комбинат во Прилеп започна предвремениот откуп на тутунот
