Јужна Африка: Студенти запалија зграда во знак на протест
Студентите кои протестираат во Јужна Африка запалиле неколку згради кои се во рамки на Северозападниот универзитет во градот Махикенг, принудувајќи ја управата да го затвори кампусот и да побара од студентите да си заминат, пренесува Танјуг.
Локалните медиуми пренесуваат дека Кос Дегенар, потпаролот на јужноафриканскиот универзитет соопштил дека демонстрантите синоќа го запалиле административниот блок, вклучувајќи го и научниот центар кој се наоѓа во него.
Студентите исто така го запалиле и домот на надзорникот на студентскиот дом.
Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума денеска го осуди насилството и уништувањето на имотот, што студентите за време на протестите го извршија врз неколку кампуси низ земјата.
- Палењето на универзитетската зграда во време кога образованието на нашата младина го гледаме како приоритет е необјасниво и никогаш нема да може да се прости, нагласи Зума.
Насилството следеше по ескалацијата на студентските протести во универзитетските кампуси насекаде низ Јужна Африка, кои често имаат барања за помала школарина, повеќе студентски домови и отстранување на статуите и другите уметнички дела кои за некои студенти претставуваат расистичко минато на Јужна Африка.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра