Јуриј Филипсон: Проширувањето на НАТО ја поткопува довербата и стабилноста на Европа
Процесот на проширување на НАТО ја поткопува довербата и стабилноста на европскиот континент и води кон засилена конфронтација, смета директорот на Четвртиот европски оддел при руското Министерство за надворешни работи, Јуриј Филипсон.
– Позицијата на Русија во однос на проширувањето на НАТО е добро позната. Тој процес е деструктивен сам по себе, ја поткопува довербата и стабилноста на европскиот континент и води кон засилена конфронтација. Приемот на сите нови членки во Алијансата, вклучително и Северна Македонија, го гледаме од тој агол, вели Филипсон во интервју за РИА Новости.
Тој нагласува дека не станува збор „за воена закана што Македонците може да ја претставуваат за Русија“, туку за „комбинација на ризици по европската безбедност, што мора да бидат надминати со различни методи, наместо со вклучување на земјата во антируската политика и военото планирање на НАТО“.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања