Јункер: Европа мора да се спротивстави на сепаратизмот

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја повика Европа да се спротистави на сепаратизмот во време кога каталонското инсистирање на независност длабоко ја подели Шпанија.
Спорот меѓу Мадрид и поддржувачите на независноста на Каталонија, поттикнат од референдумот од 1-ви октомври за отцепување од Шпанија, го зголеми сепаратистичкото расположение надвор шпанските граници.
- Национализмот е отров кој ја спречува Европа да работи заедно, изјави Јункер во говорот на шпанскиот универзитет во градот Саламанка.
- Не можеме да останеме со скрстени раце, бидејќи е време да го направиме она што треба да се направи. Велам „не" на секаков вид сепаратизам што ја слабее Европа и дополнително ги шири постојните недоразбирања, рече шефот на Европската комисија.
Ново на Сител
-

ЕСМ ќе ѝ продава поскапа струја на ЕВН за околу 5%
-

Ѓорѓиевски: Целосно нормализирање на процесите со Комунална хигиена на пролет
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Апасиев ја закажа комисијата за трагедијата во Кочани, очекува присуство на Гаши, Мицкоски и Сиљановска
-

Повредените во „Пулс“ полека се враќаат во нормала
-

Moзаичната мапа пред охриѓани
-

45 евра казна за возачите без зимска опрема
-

Преглед на вестите од светот
