Loading Video...
Ф1
8. May 2021 - 16:20

Јубилејна 100-та пол-позиција за Луис Хамилтон

Утре се вози 4-тата трка во Формула 1 шампионатот и тоа за Големата награда на Шпанија. 
 
Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на шпанското Гранд-при. 
 
Тој оствари набрзо време на денешните квалификации на патеката Каталуња крај Барселона стигнувајќи до својата јубилејна 100-та пол-позиција во кариерата. 
 
Зад него во првиот стартен ред ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул, додека од вториот ред трката ќа ја започнат вториот возач на Мекларел, Валтери Ботас и Чарл Леклер од Ферари 
 
Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон е лидер во генералниот пласман во 69 бодови, осум повеќе од Верстапен, а далеку зад нив следуваат Норис, Ботас, Леклер и така натаму.