-->
-->
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Изминатиот викенд отстранети 115 кубни метри отпад во Скопје
-->
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 115 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров,информираат од јавното претпријатие.
Активностите се одвивале на улицата „Перо Наков“ во општината Гази Баба, каде што биле отстранети 70 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад, како и на улиците „Никола Парапунов“ во општината Карпош и Христо Батанџиев во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри отпад од диви депонии.
Подигнати се и 20 кубни метри претежно градежен како и мешан комунален отпад од дива депонија лоцирана на Кејот „13 Ноември“, во непосредна близина на Народната банка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот