Македонија
15. May 2025 - 12:16

Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?

Ако работите додека студирате, нема да бидете пренасочени од државна на приватна квота, појаснува претседателот на Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Николоски потенцира дека единствената причина да плаќате двојно на факултет е нередовноста на предавања.

Поради дилемите во студентските кругови за тоа дали ги губат студентските права вработени Универзитетското студентско собрание организираше прес-конференција на која ги образложи правата на студентите за студентски оброк и стипендии во ситуација ако се вработени.