Македонија
16. May 2025 - 16:51

Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството

Вреди останува со речиси ист број на пратеници дури и без петмината пратениците на Тарави кои го напуштаат мнозинство, тврди вицепремиерот Меџити.  Од друга страна, тој вели и дека вицепремиерот Фетаи кој во Владата дојде како кадар на Алијанса за Албанците веројатно нема да го следи потегот на својот лидер и нема да поднесе оставка од својата позиција.

Меџити не откри со кого всушност се разговара да се приклучи на парламентанрото мнозинство, но не исклучи дека тие може да се дел од крилото на Алијанса кое под Села. Оваа група располага со дури 8 пратеници, а според извори од албанскиот блок најмалку двајца покажале интерес да ја променат страната – Илир Демири и Елми Азири. Неофицијално, на групата можно е да се приклучат и пратеници од турската етничка заедница – Бејџан Иљаз и Сали Мурат.

Дел од овие пратеници што ги контактиравме велат дека немале разговори, но не исклучуваат дека можно е да дадат поддршка на мнозинството за одредени одлуки. Демири потврди дека имал понуди, но засега не менува страна.

Вреди вчера со собранискиот спикер Гаши испрати список со 9-те пратеници од Демократксо движење, БЕСА, Алтернатива и независниот Ќоку како нова пратеничка група на партијата Вреди наместо на досегашната коалиција.

Досегашниот коордионатор на Вреди Снопче, кој е од Алијанса, пак, го спори спиокот како недоловнички, но вели и дека и тие идната недела ќе направат своја пратеничка група.

Претходно и премиерот Мицкоски уверуваше дека мнозинството е стабилно и брои речиси 2/3 од парламентот дури и без Таравари. Кадровските решенија или евнтуланите ротации во владиниот кабиенет поради напуштањето на Таравари ги најави за нредната недела.