Македонија
16. May 2025 - 16:52

Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата

Процесот на проширување е важен не само за земјите од Западен Балкан, туку и за самата Унија за да се развива како економска и глобална сила, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на состанокот на лидерите од Европската политичка заедница во Тирана.

Албанија доби најголеми пофалби за сработеното. Премиерот Рама побара да не се зборуваме само за вооружување, туку да се даде мотивација на младите да градат иднина на европско тло

За претседателот на европскиот совет, важно е партнерството меѓу Унијата и сојузниците во бројните безбедносни предизвици.

Во Тирана е и премиерот Мицкоски  кој и пред заминувањето на состанокот најави дека ќе им ја претстави состојбата со билатералните спорови како пречка за интеграциите.

На самитот во Тирана присутни се 47 лидери од цел континент, а албанскиот премиер Рама два часа ги пречекуваше гостите. Сепак посебен третман и приреди на италијанската колешка Мелони, клекна на колена и и посака добредојде.

Додека од Тирана европските функционери испраќаат порака дека Албанија брзо напредува во процесот, австриската шефица на диломатијата од Скопје го повика Брисел да покаже сериозност... вели билатералните прашања не треба да бидат сопка за македонските интеграции.

Во фокусот на состанокот на европската политичка заедница е состојбата со Украина и руската агресија, безбедноста во Европа, економијата, миграцијата и младите.